Пратеникот Васил Стерјовски на денешната седница на албанското собрание побара поголема грижа за Врбник, македонско егејско село во Албанија

Почитуван претседател на Собранието,

Почитувани пратеници,

Како пратеник од регионот Корча, во име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, денес сакам да го покренам прашањето за состојбата во селото Врбник.

Селото Врбник се наоѓа на најјугоисточната точка на Албанија, во општина Девол, во округот Корча, и е населено со 100% македонско население. Како Македонци признати се и од страна на албанската држава.

За жал, условите за живот во селото Врбник се како во средниот век. Нема вода за пиење, нема канализација, патната инфраструктура е во многу лоша состојба… Патот што го поврзува селото со градот Билишта во должина од 5 километри е неасфалтиран и речиси целосно амортизиран. Поради неасфалтираниот пат, патните трошоци од селото Врбник до градот Билишта се многу високи. Тука воопшто не се чуствува раката на државта. Селото Врбник оставено е на милоста на Бога. Нема ниту една инвестиција во последните 30 години од страна на државата.

Селото до пред 20 години имаше 500 жители, но поради лошите услови за живот поголемиот број на Македонците се иселени дел во внатрешноста на Албанија, пред се’, во градовите Билишта, Корча, Тирана и дел во Грција и Македонија.

Во селото Врбник до пред 20 години имаше здравствен центар, културен дом, фолклорна група која настапуваше на фестивалите во округот Корча и цела Албанија, градинка и училиште до четврто оделение каде што се учеше на Македонски и Албански јазик. Денеска сите овие објекти се претворени во рушевини.

Добар дел од жителите живеат во градот Билишта.

Пред неколку години, околу 80 Македонци со потекло од селото Врбник потпишаа петиција до Дирекцијата за образование на Билишта, со којашто бараа децата од Македонската заедница во градот Билишта, да го изучуваат Македонскиот јазик во образовниот процес во градот Билишта. За жал, ова барање на Македонската заедница не наиде на одобрение од надлежните органи.

Министерството за образование, спорт и млади треба да дозволи изучување на Македонскиот јазик двапати во неделата во градот Билишта, и во селото Врбник повторно да отвори градинка и школо до четврто одделение макар и со помал број на деца, односно ученици. Поради затворањето на градинката и школото, поголемиот број жители се принудени да се отселат од селото Врбник, или секој ден да ги праќаат децата на школо во градот Билишта, одалечен од селото 5 километри, по несафалтиран пат, што им ги прави патните трошоци многу високи.

Почитувани пртеници,

Македоците во селото Врбник апелираат за помош од страна на локалната и централната власт! Ова село е познато по вредности и на нашата земја му дало многу познати личности во различни области на општеството. За да се подобрат условите за живот во селото Врбник, Владата како и општината Девол треба најитно да инвестираат во патната инфраструктура, водоводот и канализацијата во селото. Ви благодарам на вниманието