Православниот празник Богојавлние – Водици беше одбележан и во областа Шпат од Елбасанска Митрополија

Денес, 19.01.2022 година во областа Шпат, која е под јурисдикција на Елбасанска Митрополија со радост се празнуваше Богојавление – Водици. Божествената Литургија, по повод овој голем православен празник, ја водеше отец Јани Ранџа, свештеник на парохијата. Веднаш после Божествената Литургија, на која беше благословена и водата, свештените и световните лица, заедно се упатија кон Паштрешкото Езеро. Во неговите води беше фрлен светиот Крст, кој го фати младиот Олгерт Хаса.

Областа Шпат, која е под црковна јурисдикција на Елбасанска Митрополија празниците ги празнува според стариот црковен календар т.н. Јулијанскиот календар. Тоа е црковниот календар кој се користи од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и други источни цркви, вклучувајќи ја и Вселенската Патријаршија. Инаку, Албанската Православна Црква се служи со Новиот црковен календар т.е. Грегоринаскиот календар.

Advertisement