Православниот празник Богојавлние – Водици го одбележаа и Македонците во Албанија

Православниот празник Богојавлние – Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.

Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и после литургиите што ги одржаа свештенците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон брегот на Преспанско Езеро каде се фрла крст во сите девет села.

Честитка по повод овој голем празник, до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и каде и да се во светот, во свое и во име на македонското друштво “Илинден“ и огранокот за Голо Брдо.

Advertisement