Пред историскиот договор за обединување на островот Кипар

 

Обединетите Нации, соопштуваат дека лидерите на грчката и турската заедница во Кипар ќе се вратат во Женева на 28 јуни за преговори со цел справување со чувствителните прашања, кои стојат пред историскиот договор за повторно обединување на островот.

„Генералниот секретар на ОН ќе присуствува на преговорите заедно со претседателот на Кипар Никос Анастасиадис и на непризнатата Севернокипарска турска република Мустафа Акинџи“, информира ОН. Земјите-гаранти Грција, Турција и Велика Британија, исто така ќе присуствуваат на средбата, како и претставник на ЕУ во улога на набљудувач.

 

Advertisement