Предисториски садови и фигурини од Македoнија на изложба во Италија

Комерцијални копии на предисториски фигурини, садови и модели од Музејот на Македонија се дел од изложбата „Жени мајки и божици: универзални јазици и предисториска уметност“ во Удине, Италија, која е во организација на Градските музеи на Удине, во соработка со универзитетите во Сиена и Фиренца и ќе биде отворена до февруари 2018 година.Музејот учествува на изложбата со комерцијални копии, што ќе бидат пристапни и за лицата со посебни потреби.

„На тој начин, ќе се овозможи тактилна интеракција помеѓу посетителите и културното наследство, што ретко се применува во музеите. Овој интерактивен отсек е само еден дел од поголема изложба, на којашто се претставени палеолитски, неолитски и енеолитски фигурини од Италија, Германија, Словенија, Србија, Романија, Украина и други земји“, велат од Музејот.

Advertisement