Преку граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо минатата година минале над 19 илјади патници

На граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, на македонско-албанската граница во областа Голо Брдо кој со градот ја поврзува областа Голо Брдо, во летниот период од годинава забележана е видно зголемена фреквенција според статистиката на македонското Министерство за внатрешни работи.

На граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо влез оствариле 19.352 патници, од нив странци 18.226 и македонски државјани 1.126, додека излез оствариле 19.476 патници, 18.349 странци и 1.127 македонски државјани, потврдуваат од Министерството.

Граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо е од локален карактер, па во летниот период работи од 8 до 20 часот, додека во зима од 8 до 18 часот и право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, па странските државјани се сите жители од областа Голо Брдо.

Преминот главно се користи за посета на роднини, пријатели или по повод домашни веселби, поради роднинската поврзаност со жители од македонските села Отишани и Џепиште, но и од Дебар.

Албанските државјани двата премина ги користат главно за шопинг во Дебар, каде набавуваат прехранбени артикли, облека, обувки, гориво, лекови, за добивање одредена здравствена услуга, како и за посета на туристички места. И тие поради роднинска поврзаност со дебрани, доаѓаат во посета на роднини или на домашни веселби кај нив.

Advertisement