Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски освари средба со Сали Бериша (ФОТО)

На маргините на Конгресот на Европската народна партија (ЕPP), во Валенсија, Шпанија. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски освари средба со Сали Бериша поранешен претседател и премиер на Република Албанија.

Денеска беше остварена значајна средба со г. Сали Бериша, поранешен претседател и премиер на Република Албанија, како и долгогодишен лидер на Демократската партија. Средбата претставуваше можност за размена на мислења и ставови за актуелните политички и општествени процеси во регионот, како и за унапредување на соработката и разбирањето меѓу соседните народи. Разговаравме и за предизвиците со кои се соочуваат демократските сили на Балканот, како и за потребата од зајакнување на европските вредности и стабилноста во регионот. – напиша на својот Фејсбук Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.