Премиерот на Македонија Зоран Заев, денска во Тирана ќе ја поздрави работата на Конференцијата „75 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија“ заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама.
На конференцијата со свои излагања ќе настапат Македонци од Албанија. Исто така, во рамки на конференцијата ќе има и изложба со фотографи и книги пишувани на македонски јазик од Македонци од Албанија, изјави Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.
Инаку, настава на македонски јазик во Албанија има само во областа Мала Преспа. Во областа Голо Брдо на мајчин македонски јазик настава имало од 1945 до 1948 година. Од 1945 година до пред неколку години, македонско училиште имаше и во селото Врбник, област Девол, кое пред неколку годни се затвори поради малиот број деца.
Конференцијата ќе се одржи во сала „Албанологија”, во Конгресната палата во Тирана со почеток во 14:30 часот.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
