„Преспанскиот херој“ Васил Јанкула пред нов голем предизвик

 

Васил Јанкула од Преспа, кој боледува од детска целебрална парализа, но човек со огромна волја, оптимистички дух и храбро срце, поради што веќе го носи епитетот преспански херој, е пред нов голем предизвик. По учеството на вчерашниот Скопски маратон,кога 42 километри извози за 3 часа и 15 минути, негова цел сега е обиколка низ државава со трицикл за една недела што планира да ја почне на 10 мај. -Заедно со тренерот Тони Ангеловски и целата екипа, тргнуваме од Ресен на 10 мај, продолжуваме кон Битола, потоа Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид а рутата планираме да ја завршиме за една недела со пристигнувањето во Ресен. Целта ми е да упатам апел до целата јавност дека и ние лицата со посебни потреби можеме повеќе.

Овој зафат не би можел да го реализирам доколку не ја добиев подршката од американската агенција за развој, УНДП,за што многу сум благодарен. Желба ми е еден ден да возам и низ Балканот, Европа и светот, вели Васил. Не заборава да ја изнесе благодарноста до неговот тренер Тони Ангеловски, кому, како што вели му должи се,како и на општина Пустец за досегашната сестрана подршка. Минатата година Васил Јакула под мотото „Возам на точак за лица со попречност”, на 11 ноември возеше низ Скопје, а потоа и на прилепскиот маратон. Пртеходно ја извози патеката од 150 километри во двата правца, возејќи осум часа од Ресен до селата од Мала Преспа, Леска, Пустец, Зарноско а беше дел и од 32-то издание на маратонот, што се одржа во Охрид по повод 8 Септември, Денот на независноста. Со ова 28 годишниот Васил покажува дека огромната волја и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги.

Advertisement