Преставнци на Македонското друштво “Илинден“-Тирана учесници на Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески” во Охрид

Со прием и говор на заменик градоначалникот на Охрид, Ристе Николески, во Охрид започна со работа Третиот Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески”, организиран од Здружението за литература и култура “МАЦКОВО” од Охрид. Николески им посака пријатен престој и успешна работа, а во слободното време, да прошетаат по охридските калдрми и знаменитости, од кои ќе соберат инспирација за поетски трудови, посветени на убавините и историчноста на Унесковиот Охрид.

Преставнци на Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Третиот Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески” се Сабина и Сара Џелили по потекло се од Голо Брдо а живее во Елбасан, членнови на македонското друштво “Илинден“-Тирана.

До учесниците, Посланија беа испратени од страна на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, како и генералниот секретар на Светската акдемија на поезијата при УНЕСКО, д-р Лаура Троиси.

Несомнено станува збор за исклучителен настан кој ја афирмира и промовира литературата и придонесува за споделување на соработката меѓу младите од балканските земји, стои во Посланието на Претседателот. Претседателот упати и порака до надлежните институции да не ја откажуваат поддршката на културните манифестации, особено, не оние каде главни актери се младите, а се и од мегународен карактер.

Во сличен тон е и пораката на д-р Троиси: Светската поетска Акдемија Ви честита за организацијата на кампот кој ги обединува младите поети и писателите за деца од балканските земји. Им посакуваме на учесниците пријатен престој во Охрид и овој собир да биде пример кој промовира соработка и разбирање помеѓу различни култури афирмирајќи ја литературата. Целта на овој проект е да ја афирмира поетската реч, посебно поезијата за деца од балканските земји“, стои во Посланието потпишано од генералниот секретар на Академијата, Лаура Троиси.

Покрај во Охрид , одделни манифестации, се одржа во Струга, Вевчани, Белчишта, како и во селото Црвена Вода, родното место на писателот за деца и основоположник на македонската литература за деца, Ванчо Николески. Учесниците беа гости на менаџментот на Струшките вечери на поезијата, каде ќе бидат во можност да другаруваат со своите постари колеги и идоли, присутни на светскиот поетски фестивал во Струга, кој годинава е јубилеен – шеесетти по ред.

Со целодневен престој во историското село Црвена Вода, родното место на Ванчо Николески, заврши Третиот Балкански поетски камп за деца и млади, посветен на името и делото на родоначалникот на македонското литературно творештво за деца.