Преставници на Македонците во Австралија остварија примени со премиерот на Владата на Западна Австралија

Претстедателот на Македонско-западно-австралиската стопанска комора Крис Вржовски, заедно со Македонскиот амбасадор во Канбера Веле Трпевски, Македонскиот почесен конзул во Перт и аташето во македонската амбасада Драган Богдановски беа примени од премиерот на Владата на Западна Австралија, Марк Макгауен. Македонскиот амбасадор Трпевски и конзулот Ќосески остварија средба и со лидерот на опозицијата Мајк Нахан како и со бројни владини министри задожени за економските и политичките прашања.

Во чест на амбасадорот Трпевски во парламентот на Западна Австралија, пратеничката Џесика Стојковска и министерката Алана Мактиернан организира свечен прием со присуство на високи претставници на Владата и опозицијата како и од Македонската заедница во Западна Австралија.