Преставници на Македонците во Албанија дел од тркалезната маса организирано од Мисијата на ОБСЕ 

Мисијата на ОБСЕ во Република Албанија организираше консултативен состанок со претставници на организациите на граѓанското општество за прашања на националните малцинства, со цел поттикнување на дијалогот, размена на перспективи и зајакнување на соработката.

Претставници од македонските, влашките, ромските, египетските, црногорските, босанските и српските заедници ги споделија своите искуства, предизвици и приоритети за унапредување на правата на малцинствата и социјалната инклузија.

На состнаок беше Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и проф. д-р Кимет Фетаху, активист за правата на Македонците во Албанија со потекло од областа на Голо Брдо.

Дискусијата помогна да се идентификуваат нови можности за соработка и да се пронајдат начини на кои Мисијата на ОБСЕ во Република Албанија може да продолжи да ги поддржува еднаквите права, инклузивното учество и поефикасните механизми за заштита на сите национални малцинства во Република Албанија.