Претседател на Собранието на Република Албанија освари средба со претседателот на Собранието на Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Албанија Грамос Ручи, денеска оствари средба со Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. Џафери беше поканет од страна на албанскиот парламент за одобрување на нацрт-законот за ратификација на Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. На состанокот присуствуваа амбасадорот на Република Македонија Данчо Марковски и Таулант Бала, претседател на пратеничката група на Социјалистичката партија. За време на средбата двајцата соговорници разговараа за важноста за Македонија и Албанија и регионот за пристапување на Република Македонија во НАТО, како сигурен чекор кон зајакнување на мирот, стабилноста и просперитетот на регионот.

Advertisement