
Фото: Кабинет на Претседател на Македонија
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова го пречека претседателот на Албанија, Бајрам Бегај кој престојува во официјална посета на земјава.
Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на албанската делегација.
Во фокусот на разговорите беа севкупните билатерални односи, кои се традиционално пријателски и партнерски, како и можностите за нивно понатамошно продлабочување во повеќе сфери од заемен интерес.
Соговорниците разменија мислења за европските аспирации на двете држави, соработката во рамките на НАТО алијансата и актуелната безбедносна состојба на европскиот континент, како и за соработката во рамки на регионалните иницијативи.
Беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и институционалната соработка, во интерес на граѓаните на двете држави.

Фото: Кабинет на Претседател на Македонија

Фото: Кабинет на Претседател на Македонија

Фото: Кабинет на Претседател на Македонија

Фото: Кабинет на Претседател на Македонија

Фото: Кабинет на Претседател на Македонија

Фото: Кабинет на Претседател на Македонија

Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden