Претседателот Бегај и македонскиот претседател Пендаровски во работна посета на Општина Пустец и Поградец

На покана на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, во недела, 23 јули 2023 година, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, доаѓа во работна посета на Република Албанија.

Двајцата претседатели ќе престојуваат во посета на општина Пустец, каде придружувани од локалните власти на општината и округот Корча ќе го посетат Општина Пустец и ќе се сретнат со претставници на македонското национално малцинство од овој регион.

Исто така, двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба и ќе го посетат Куќата музеј на Стерјо Спасе во Голомбоч.

Потоа, двајцата претседатели ќе посетат и дел од туристичките атракции на Пустец и ќе продолжат во кратка посета на градот Поградец.