Претседателот на Албанија, Илир Мета на инаугурацијата на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски

Претседателот на Република Албанија, Илир Мета пристигнаа на инаугурацијата на петтиот по ред претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски.

На свеченоста која што се одржува во Собранието пристигнаа и други бројни високи гости од регионот и од земјава, како и претставници на верските заедници и дипломатскиот кор. На свеченоста присуствуваат и поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов, како и сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, Вилма.

Претседател на Република Македонија, Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Advertisement