На 8 и 9 мај албанскиот претседател Илир Мета ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи во Тирана.

На состанокот се очекува да присуствуваат претседателите на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Косово Хашим Тачи, како и тројца членови на претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додиќ, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ. Како специјални гости на состанокот, во Тирана ќе допатуваат и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ,Федерика Могерини и премиерот на Република Полска, Анджеј Дуда.

Самитот на лидери во Тирана, кој се совпаѓа со „Денот на Европа“, има за цел да пренесе важна политичка порака за заедничките аспирации на земјите од регионот да се интегрираат во Европска Унија. На крајот на Самитот, лидерите на процесот ќе усвојат документот со заклучоци од состанокот.