Претседателот на Македонија оствари средба со преставници на македонската дијаспора во Велика Британија

Претседателот на Република Македонија Д-Р Ѓорге Иванов во рамки на работната посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска, во Лондон оствари средба со преставници на македонската дијаспора во просторите на Македонската амбасада во Лондон.

На средбата Претседателот на Република Македонија Д-Р Ѓорге Иванов се запозна со тековните активности на македонската заедница Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска во и учеството на преставниците на македонската дијаспора во општествениот, економскиот, културниот и политичкиот живот во Велика Британија.