Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција Стерјовски во конференција за изборната реформа во Албанија

 

Во Тирана, во организација на амбасадата на ОБСЕ во Албанија, се одржа конференција за изборната реформа со наслов “Негирани од страна на системот: Воспоставување на сеопфатен систем за заштита на демократијата”. На конференцијата учествуваа пратеници од албанското Собрание, преставници на политичките партии и цивилниот сектор.

Во името на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) присутен беше Васил Стерјовски претседател на партијата он истакна дека ако има некој кој е негиран од страна на системот тоа се малцинствата во Албанија. Освен грчкото малцинство кое традиционално е застапувано во албанското Собрание другите малцинства: македонското, влашкото, ромското, бошњачкото, египтјанското, српското и црногорското малцинство се политички незастапени во албанското Собрание во изминатите 30 години.

Време е малцинствата во Албанија да имаат загарантирани места во албанското Собрание по примерот на многу држави во Европа кој имаат загаранирани места во нивните парламенти за националните малцинства. Верувам дека ќе се најди политичка волја но и со помош на нашите стратешки партнери САД и Европската Унија со новата изборна реформа, малцинствата во Албанија ќе имаат загарантирани места во албанското Собрание – истакна Стерјовски.