
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски во Леуварден, Холандија посети јавниот радиодифузен сервис на фризиски јазик.
Посебна чест беше да ја посетам Омроп Фрислан во Леуварден, Холандија, јавниот радиодифузен сервис на покраината Фрислан, кој создава радио, телевизиска и онлајн содржина на фризиски јазик, информираше Стерјовски.
Оваа медиумска куќа има клучна улога во зачувувањето на фризискиот идентитет, промовирањето на јазичната разновидност и негувањето на културното богатство на регионот.
Со своите информативни, документарни и културни програми, Омроп Фрислан е пример за тоа како јавното новинарство може да биде чувар на еден јазик и култура.
Холандија е вистински пример како се почитуваат и вреднуваат малцинствата! – напиша Стерјовски во објава на Фејсбук.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden