Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Огранок Голо Брдо, Фатри Фетаху оствари средба со Македонскиот амбасадор, Данчо Марковски

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо, Фатри Фетаху во македонската амбасада во Тирана остврави работна средба со амбасадорот Данчо Марковски. На средбата Фетаху го информирал амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија.

На средбата го информирав амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. При тоа го актуелизирав прашањето за граничниот премин Требиште – Џепиште, што нашата област ја поврзва со татковината Македонија, а го запознав и со други проблеми со кои се соочува македонско национално малцинство во областа Голо Брдо. Секако амбасадорот беше информиран и за активностите на огранокот и друштвото во цели, изјави Фетаху за Македонски весник “Илинден”.

Додава дека Марковски покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во Областа Голо Брдо.

Многу отворено разговаравме за можни активности за надминување на проблемите на Македонците во областа Голо Брдо. Секако, во опсегот на неговите надлежности, амбасадорот, Марковски искажа подготвеност да помогне за подобрување на малцинските права на Македонците, посочува тој.  

Фетаху му се заблагодарил на амбасадорот, за како што оценува, непосредната и срдечна средба

Advertisement