После десет години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени. Во 2014 година Владата ги укина и општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за првите две да ги приклучи кон општина Булќиза, како и општините Шиштевац и Запот во областа Гора кои сега се приклучени ...
Read More »Tag Archives: Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо
Македонско друштво “Илинден“-Тирана: Декларација против пописните резултати во Република Албанија
Декларација против пописните резултати во Република Албанија Македонско друштво “Илинден“-Тирана утврди Декларација против пописните резултати во Албанија, за пописот одржан од 18 септември до 16 ноември 2023 година. Во декларацијата се вели: ДЕКЛАРАЦИЈА против прелиминарните пописни резултати во Република Албанија Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги отфрлува прелиминарните пописни резултати од пописот одржан во Албанија од 18 септември до 16 ноември 2023 ...
Read More »Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонското друштво “Илинден“-Tирана
Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Курбан Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува откривањето на скандалот со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува ангажираноста на новинарите на емисијата Фикс фаре, на телевизија Топ чанел, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, областа Голо Брдо. Тоа е уште една потврда дека пописот на населението воРепублика Албанија помина со многу проблеми. Голема благодарност до новинарите на ...
Read More »Kатастрофална состојба Македонците во село Пасинки областа Голо Брдо без струја
Поради лошите временски услови, со обилни врнежи од снег, ветер и температури до 10 степени под нулата, Македонците во областа Голо Брдо деновиве се соочуваат со веќе познатите проблеми, завеани патишта и прекин во снабдувањето со електрична енергија село Пасинки шест дена без струја. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо го повикува Владата и Општина Булќиза итно ...
Read More »Фатри Фетаху: Горд сум од тоа што сум-Македонец, Бугарија да престане да бара нација и народ таму кадe што нема
Горд сум од тоа што сум и што преставувам-Македонец. Не се срамам и не се кријам, тоа јавно и јасно сум го кажувал и го кажувам. Тоа во нас го всадиле нашите родители а ним нивните и како светост го пренесуваме од генерација на генерација, изјави за Македонски весник Илинден, Фатри Фетаху, дипломиран економист, жител на село Требиште, областа Голо ...
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од властите на Република Албанија да го прогласат бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за персона нон грата
Во време на актуелен попис, одредени бугарски лица слободно се шетаат по градовите и селата населени со македонско население низ Република Албанија, со единствена цел да се присилуваат да се изјаснуваат како Бугари. За таквата активност на бугарските емисари јавно зборуваат Македонците, негодувајќи на говорот на омраза кои тие лица ги користат кон Македонците, како и користењето на децата како ...
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана го осудува посетата на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров во Голо Брдо и Мала Преспа
Македонското друштво “Илинден“-Тирана го осудува крајно агресивното и дрско однесување на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров кон Македонците во Голо Брдо и Мала Преспа. Во екот на пописот во Република Албанија, бугарскиот амбасадор Ивајло Киров, без основно почитување на националните чувства на Македонците во Република Албанија, врши отворен атак врз македонското население во Голо Брдо и Мала Преспа, а со намера ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова
Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова на Република Албанија, заедно со бугарски универзитетски професори и академици, во пресрет на пописот на населението во Република Албанија. Програмата на акцијата “Бугари во Албанија“ предвидува отворање на “неделно училиште на бугарски јазик во Елбасан“, потоа во Тирана ќе ја промовира книгата на Спас Тошев “Бугарите ...
Read More »Честитка по повод Стара нова година – Василица од Македонското друштво “Илинден“-Тирана
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Стара нова година 2023 и Свети Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Фатри Фатаху.
Read More »