Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Собрание на Република Македонија оствари работна средба со потпретседател на Собранието, г-дин Антонио Милошоски.
На работната средба го информирав г-дин Антонио Милошоски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на Македонците во Република Албанија, секако беше информиран и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”- Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Република Албанија.
На средбата г-дин Антонио Милошоски покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија, и многу отворено се разговараше за можни активности за надминување на проблемите на Македонците. Секако, во опсегот на неговите надлежности, искажа подготвеност да помогне за подобрување на малциските права на Македонците во Република Албанија. За непосредната и срдечна средба, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло му се заблагодарува на потпретседател на Собранието на Република Македонија, г-дин Антонио Милошоски.