Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и генералниот координатор на друштвото за Македонија, Ламбе Шатровски оствариа средба со Директорот на КОВЗРГ, Даријан Сотировски 

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и генералниот координатор на друштвото за Македонија, Ламбе Шатровски оствариа средба со Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски.

На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше г-дин Даријан Сотировски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија.

Низ дискусијата, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, како Директорот на КОВЗРГ, Даријан Сотировски искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на г-дин Даријан Сотировски и подари Македонски весник “Илинден” топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Advertisement