Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи почесната награда “Илинден” на Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа и потпреседател на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, во рамките на ФУЕН Конгресот во Берлин на г-дин Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа и потпреседател на Федералната унија на европските националности му ја врачи почесната награда “Илинден”.

“Огромна чест ми беше во името на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и во името на Македонско национално малциство во Република Албанија лично да му ја предадам почесната награда ”Илинден” на г-дин Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа и потпреседател на Федералната унија на европските националности ”, рече Ѓургај.

Г-дин Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа со седиште во Витен, Германија и потпреседател на Федералната унија на европските националности ги поздрави сите заложби, посветеноста и ангажманот на македонското друштво “Илинден”-Тирана во насока на унапредување на позицијата и правата на Македонско национално малциство во Република Албанија, додека г. Ѓурѓај искажа благодарност за односот и заземањето на Претседателот Халит Хабип Оглу, за Македонците во Република Албанија за време на неговите три мандати како потпреседател на Федералната унија на европските националности, за што и со посебно задоволство ја врачи наградата. Никола Ѓургај изрази надеж дека таа соработка и релации ќе продолжат и во иднина, и дека секоја негова заложба за Македонско национално малциство во Република Албанија е добредојдена и високо ценета.

Наградата “Илинден” е воведена по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото. Се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.

Годишен добитник на наградата, беше и г-дин Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа со седиште во Витен, Германија, и потпреседател на Федералната унија на европските националности.

Advertisement