
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Државниот архив на Република Македонија оствари работна средба со Директорот на Државниот архив, д-р Наташа Котлар-Трајкова. На средбата беше разговарано за намерите за потпишување Меморандум меѓу Државниот архив и Македонско друштво ”Илинден”-Тирана кој би опфатил повеќе проекти кои ќе се реализираат во иднина.
Двајцата соговорници заклучија дека е потребно да се формира архивски фонд како посебен вид на соработка кој би ја опфаќал историјата на македонските организации и дејноста на видни македонски активисти од Република Албанија. Државниот архив како институција ги поддржува сите активности на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden