Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Борче Јовчески градоначалникот на Општина Прилеп

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска оствари средба со Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Борче Јовчески за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија.

Низ дискусијата, Борче Јовчески покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, како градоначалник на Општина Прилеп искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на Борче Јовчески и подари Македонски весник “Илинден” топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Advertisement