Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Директорот на КОВЗРГ, Даријан Сотировски 

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на 20,01.2023 година оствари средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски.

На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше г-дин Даријан Сотировски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија.

Низ дискусијата, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, како Директорот на КОВЗРГ, Даријан Сотировски искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на г-дин Даријан Сотировски топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Advertisement