Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Министер советник, Љуфтим Спахиу во Амбасада на Македонија во Тиранa

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска во Амбасада на Република Македонија во Тирана оствари средба со Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу. Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу му го честита превземањето на функцијата и му посакал спех на високата дипломатска должност.

На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Министер советник за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. Воедно, Спахиу беше информирана и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, кое со години е активен субјект сред македоското национално малциство во Република Албанија.

Низ дискусијата, Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонско национално малциство. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонско национално малциство во Република Албанија на повеќе полиња. Секако, во опсегот на надлежностите, Спахиу искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонско национално малциство во Република Албанија. Со надеж дека Министер советник сесрдно ќе помогне во подобрување на положбата на Македонците во Албанија, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Advertisement