Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средби со преставници на словенските малцинства во Европа

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на 26-тиот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН, што се одржa од 19-ти до 22-ри октомври во Загреб, Хрватска, најголемиот собир на словенските малцинства во Европа. На семинарот присуствува 13 различни малцинства од 11 земји од организации членки на работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) при ФУЕН од дванаесет Европски земји. Домаќин на семинарот беа  Националниот совет на Србите во Хрватска (СНВ).

Покрај другите, во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Она што беше исклучително позитивно за Македонците во Република Албанија беше фактот дека брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик и исто се презентира “Положбата на Македонците во Албанија и положбата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и проблемите што ги застегат Македонците во Република Албанија за по широка јавност.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на семинарот освари средби со новиот избран Претседателот на работната група г-дин Хартмунт Липнер и г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ), г-дин Милан Врга градоначалник на Општина Гвозд, г-ѓа Ирина Ангеловска, председателка на Советот на Македонското национално малцинство за Град Загреб, г-ѓа Ивана Брезовец професорката по македонски јазик од Прва гимназија во Загреб и активистка на Македонско национална малциство во Хрватска.

Претседател на Работната група г-дин Хартмунт Липнер и г-дин Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ)

Г-дин Милан Врга градоначалник на Општина Гвозд

Г-ѓа Ивана Брезовец професорката по македонски јазик од прва гимназија во Загреб и активистка на Македонско национална малциство во Хрватска

Г-ѓа Ирина Ангеловска, председателка на Советот на Македонското национално малцинство за Град Загреб

 

Advertisement