Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Хусум учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).
Освен активното учество на конгресот што се одржа во Хусум, Германија учествував и на состанок на работна група на словенските малцинства, при ФУЕН. Разговаравме за проблемите на словенските малциства во Европа. Секој од нас имаше кратка презентација, при што јас посебно се задржав околу проблемите што ние Македонците ги имавме со пописот на населението спроведен во Република Албанија пред една година, за што добро е запозната јавноста, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Претседателот на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) Хартмут Лајпнер
Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 32 организаци, рамноправни членки на ФУЕН.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
