
Во Берлин, Соузна Република Германија од 27-30 март 2017 година во Рускиот дома за култура во Берлина се одржа XXIII Меѓународна Конфернеција на тема “Вредности и интереси во Промена на Светот: христијански пристап” организриано од Меѓународната фондација за единство на православните христијански нации со седиште во Москва Руска Федерација. На Конференција учестува од 20 земји покрај другите, во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Претседателот Никола Ѓурѓај се претстави со подготвен материјал во врска со православното население во Албанија пред Конференцијата. Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средби со преставници на Меѓународната фондација за единство на православните христијански нации и одделни средби имаше со г-дин Лео Ван Доесбург Директор за европски прашања во Европска Кристијан политичко движење со седиште во Амстердам, Холандија, со г-дин Силвиу Феодор претседател на Руска заедница во Румaнија, со г-дин Мирон Игнат пратеник во Руманскиот парламент, со г-дин Корнелиу Фуркулита пратеник во Молдавскиот парламент и Гази Хананиа советник на преседателот на Палестина Махмоуд Абас.

Никола Ѓурѓај – Лео Ван Доесбург

Никола Ѓурѓај – Корнелиу Фуркулита

Никола Ѓурѓај – Гази Хананиа
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden