Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за време на конгресот освари средби со преставници на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествуваше на Конгресот на Федералната унија на европски националности, што се одржa во Берлин од 29 септември до први октомври, најголемиот европски собир на национални малцинства и јазични групи. На Конгресот присуствува претставници на 105 организации членки од 36 земји.

Покрај другите, во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Она што беше исклучително позитивно за Македонците во Република Албанија беше фактот дека резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана се изгласана унинанимно од сите делегати на генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) ќе се достави до сите релевантни институци во Република Албанија и сите релевантни меѓународните институци.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности, Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа, Џени Џонс, координатор на Федералната унија на европски националности. Исто така, имаше средба со Евгенија Нацулиду, преставник на организација „Крсте Мисирков (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик)“ на македонското малцинство во Република Грција, Алис Блинцова, преставник на „Руско училиште во Естонија“, Сенгиз Ковач, претседател на друштво за млади на Турците во Република Косово.

Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности

Халит Хабип Оглу, претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа

Евгенија Нацулиду, преставник на организација „Крсте Мисирков (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик)“ на македонското малцинство во Република Грција

Алис Блинцова, преставник на „Руско училиште во Естонија“ и Џени Џонс, координатор на Федералната унија на европски националности

Сенгиз Ковач, претседател на друштво за млади на Турците во Република Косово

Advertisement