Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај на претставникот на македонското национално малцинство во Комитетот за националните малцинства Фелха, и подари примероци од Фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“

Претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на 24. 07. 2023 година на претставникот на македонското национално малцинство во Комитетот за националните малцинства во Република Албанија, Марјана Фелха, и подари примероци од Фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ во просторите на Комитетот за националните малцинства.

За одбележување е дека Фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ содржи 12 автентични фотографии со оригинални македонски носии на Македонците кои живеат во сите делови на Република Албанија. Кон секоја фотографија е помесен текст на македонски и албански јазик, во кој се објаснува потеклото и значењето на носијата. Издавач на овој значаен проект за македонското национално малцинство во Република Албанија е Македонското друштво “Илинден“-Тирана, од каде објаснуваат дека Фото албум со ваква содржина се објавува за прв пат во Република Албанија.

Автор е г-дин Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Фото албумот е печатен во Тирана со тираж 300 примероци, со финансиска поддршка од Комитетот за национални малцинства на Република Албанија. Веруваме дека овој проект ќе ја збогати збирката на литература за македонското национално малцинство во библиотеката на Комитетот за национални малцинства на Република Албанија.

Advertisement