
Со одлука на раководството на друштвото, по повод 15 – годишнината од формирањето на друштвото на г-дин Живко Лазаров, Претседател на Македонски клуб “Илинден” во Латцен-Хановер му се додели Благодарница “Илинден”.
Денеска ми беше чест во името на македонското друштво “Илинден”-Тирана лично да им предадам Благодарница “Илинден” на Живко Лазаров, Претседател на Македонски клуб “Илинден”-Латцен-Хановер.
Во 2012 година Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонски Клуб “Илинден”-Латцен имат потпишувано Меморандум за соработка. Размениле мислења по повеќе прашања што се во интерес на Македонците во оваа земја и напорите за подобрување на нивните права.
Признанијата се доделуваат на поединци и институции кои со својот ангажман најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden