Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му предаде благодарница “Илинден” на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров

Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во името на Македонската заедница во Албанија му предаде благодарница “Илинден” на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров за живот и дело. Ми беше огромна чест во името на Македонското друштво “Илинден” во Тирана да му предадам благодарница “Илинден” на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров за живот и дело и за се’ што сторил за Македонците во Албанија во изминатите 30 години, – изјави претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.

Благодарам на вниманието и благодарницата “Илинден”. Посакувам унапредување на положбата и правата на Македонците во Албанија. Кошмарот со антимакедонските политики на Софија нека стане трајно минато свршено време меѓу Македонците во Албанија. И никогаш не заборавајте ги македонските корени, секогаш негувајте ги македонскиот јазик, култура и историја на целата територија на Албанија.

Бидете единствени и обединети во одбрана на идентитетот на Македонскиот народ во Албанија и името на државата Македонија, останете и натаму лојални државјани на Албанија, затоа што колку е албанска, Албанија толку е и ваша македонска држава! Македонските со албанските партизани заедно и во Втората светска војна ги поразија наци-фашистите и балистите и се вградија во темелите на државата Албанија.

И затоа и Вам правата и слободите како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните. Посакуваме што за Албанците во Македонија, тоа и за Македонците во Албанија, – изјави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.