Претседателот на македонското друштво “Илинден“- Тирана, Никола Ѓурѓај освари работна средба со Претставничката на македонското национално малцинство во Комитетот за национални малцинства во, Марјана Фелах

Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај денска освари работна средба со Претставничката на македонското национално малцинство во Комитетот за национални малцинства во Република Албанија, Марјана Фелах.

На средбата се разговараше за различни прашања поврзани со македонското национално малцинство во Република Албанија, како и за можна соработка во рамките на заштитата на правата и зачувувањето на идентитетот на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Ѓурѓај, кој е и главен и одговорен уредник на весникот “Илинден”, на Фелат и предал пет примероци од последното издание на весникот.

Комитетот за национални малцинства е владина институција во која свој претставник имаат признатите малцинства во Република  Албанија со Законот за малцинства. Претседател на Комитетот е  Константина Бежани, претставничка на грчкото малцинство.

Advertisement