Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев: Нема соработка со БАН додека не ги признае фактите

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, вели дека Бугарската академија на науките не соработува повеќе со македонската академија по прашањата за македонскиот идентитет, јазик и историја. Тоа според академикот е така поради ставовите искажани по ова прашање од страна на МАНУ.

МАНУ и БАН имаа вистинска соработка во многу научни полиња, но прашањата за македонскиот јазик и идентитет, се чини, според мене, беа ставени „под тепих“, иако, ниту македонскиот јазик ниту македонскиот идентитет не беа оспорувани и ние имавме со БАН рамноправна и достоинствена соработка. Мислам дека единствената причина за прекинот на соработката се ставовите на МАНУ во врска со македонскиот идентитет, јазик, и историја, изјави Коцарев во интервјуто за „Слободен печат“.

Лпварев вели дека МАНУ ќе соработува со оние институции и акадмеии кои, како што вели тој, го почитуваат научниот факт дека „Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава“.

Ставовите на нашиот сосед се јасни. На 9 октомври 2019 година, бугарската влада официјално усвои документ со кој се определува Рамковната позицијата на Република Бугарија во однос на процесот за стабилизација и асоцијација на Македонија и Албанија. Позицијата е непроменета и недвосмислена, што се потврдува и со следниот цитат (преземен од веб страната на Владата на Република Бугарија,

„Треба да биде јасно дека јазичната норма прогласена за уставен јазик во Република Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите дијалекти во поранешна југословенска република по нивната кодификација во 1944 година. Ниту еден документ/изјава во процесот на пристапување не може да се смета за признавања од страна на бугарската страна на постоењето на т.н. „македонски јазик“, одвоен од бугарскиот”.

Зар има потреба од други коментари? Дел од суверенитетот на било која држава вклучува ексклузивно право на државата да ги регулира нејзините внатрешни работи: религија, јазик, националност и соодветно на тоа, образовниот систем. Суверенитетот на било која држава, па така и на Македонија, вклучува право на самоопределување за прашањата на идентитетот, јазикот и религијата, што подразбира, од друга страна, дека идентитетот, јазикот, и историјата воопшто не се (и не треба да бидат) тема за политичко пазарење, вели Коцарев.

Advertisement