Претседателот на Република Македонија проштална средба со амбасадорот на Република Индија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба го прими Н.Е. г. Раџеш Кумар Сачдева, амбасадор на Република Индија за Република Македонија, со седиште во Софија. На средбата беа разменети мислења за состојбите во двете земји, како и за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и соработката во сите сфери од взаемен интерес.

Претседателот Иванов изрази очекување за натамошно унапредување на соработката во сите сфери од заеднички интерес и го нагласи интересот на Република Македонија за воспоставување поинтензивна економска соработка. Амбасадорот Сачдева изрази задоволство од извршувањето на дипломатската должност и изрази уверувањето дека неговата земја ќе продолжи со напорите за унапредување на односите со Република Македонија. Претседателот Иванов се заблагодари за севкупниот ангажман на амбасадорот Сачдева и му посака успех во натамошната кариера.

Advertisement