
Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов во придружба на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски ги проследија активностите кои се изведуваа во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, како и показната вежба на командно место.
Претседателот Иванов и генералот Величковски, од страна на командантот на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и самите учесниците се запознаа со начинот на извршувањето на задачите во оперативните центри кои ги изведуваа припадниците на 1.мпбр и воздухопловната бригада како дел од показната вежба, по што ги проследија активностите на командното место на СПБГ стационирано во реонот на Катланово.
Армијата на Република Македонија во рамки на активностите за одбележување на 25 години од своето постоење, и како дел од подготовките за претстојното реоценување на средната баталјонска борбена група (СПБГ), денес реализира показна вежба на командно место на СПБГ во организација на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden