Претседателот на Република Српска Милорад Додик прогласи изборна победа

 

Претседателот на Република Српска, член стана член на Претседателството на Федерацијата Босна и Херцеговина, по што побара за време на заклетвата да има и Српско знаме. Милорад Додик, кандидатот на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) за член на Претседателството на Босна и Херцеговина од Република Српска, вечерва прогласи победа над кандидатот на Сојузот за победа, Младен Иваниќ.Оваа победа е чиста како солза. –  рече Додик

Тој им се обрати на претставниците на медиумите во главниот изборен штаб на партијата во Бања Лука. Според податоците на СНСД врз основа на 85 отсто пребројани гласови Додик има 56 отсто, додека неговиот противкандидат, Младен Иваниќ, има 44 отсто од гласовите. Додик истакна дека тоа е недостижна разлика од 70.500 гласови, бидејќи тој освоил 330.890, а Иваниќ околу 260.197 гласови.

Според него, кога станува збор за кандидатите за претседател на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, кандидат на СНСД, врз основа на 40 отсто од пребројаните гласови, освоила 54.1 отсто, а Вукота Говедарица кандидат на Сојузот за победа 45,8 отсто.Очекувам дека крајната разлика ќе биде околу 80.000 за член на Претседателството, а за претседател на РС околу 50.000. – рече Додик. Според него, во прашање се релевантни податоци. Извојувавме победа во многу општини, добивме значителен број на гласови. – рече Додик и им се заблагодари на гласачите и коалициските партнери.

Кога станува збор за Жељка Цвијановиќ не објави победа бидејќи, како што рече, ќе ги почека официјалните податоци. Тој истакна дека Иваниќ е казнет за “калкулантската и послушна политика кон западот и странските амбасади”. Ќе се залагам за позицијата број еден на РС во Босна и Херцеговина и мојата девиза ќе биде РС пред сe. Република која ќе се занимава со заштита на уставниот поредок и својата положба во БиХ, која ќе отфрла каков било вид на наметнување, и сето она што е наметнувано ќе го стави на дневен ред повторно за договор. – рече Додик.

Тој повтори дека оди таму како претставник на српскиот народ и дека така и ќе се однесува. Сакам да воспоставам добра комуникација, верувам дека БиХ можеби и може да постигне одреден напредок доколку се уважуваат сите подеднакво. – рече тој. Ова е важна победа, особено за РС и СНСД. – рече тој и додаде дека верува дека неговата партија со коалициските партнери ќе обезбеди единство на властите на ниво на РС и БиХ. Истакна и дека ова е осма победа на СНСД во континуитет. Одговарајќи на прашања од новинарите, тој рече дека пред се ќе положи заклетва на Народното Собрание на РС, а дека во зградата каде што ќе седи мора да стои знамето на Република Српска.

Advertisement