Претседателот на Русија Владимир Путин влез во замрзнато езеро за Водици (ВИДЕО)

По повод празникот Бојавление-Водици, рускиот претседател Владимир Путин ја продолжи традицијата, со тоа што тој и оваа година се капеше во замрзнато езеро во близина на Москва на температура од околу 20 степени Целзиусови под нулата.  68-годишниот руски претседател влезе во ледената езерска вода во отворот направен во форма на крст и се капеше во малото езерце. Според снимките кои ги објавиКремљ, се гледа како рускиот претседател и годинава го одбележа Хртистовото крштевање во реката Јордан. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за медиумите изјави дека станува збор за традиција а дека претседателот не сака да ги менува традициите.