
Претседателот на Собранието на Македоија Јован Митрески за време на еднодневната посета на Украина, вчера во Киев положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски. Тој оствари и неколку средби со официјални лица на Украина каде вчера беше на одбележувањето од дветодишнината од почетокот на војната во таа земја.

Во рамките на посетата на Украина, Митрески остварил посета на Киевско-печерската Лавра.
„Митрески, вчера во Киев оствари средба со Валериј Зуб, претседател на Групата на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарна соработка со Република Македонија.
Митрески и Зуб изразија задоволство што во изминатите години во голема мера беше унапредена соработката меѓу Собранието на Република Македонија и Врховната Рада на Украина, како на билатерален, така и на мултилатерален план, во рамките на меѓународните парламентарни собранија. Стана збор и за можностите за унапредување на успешната меѓупарламентарна соработка, а особено соработката меѓу двете парламентарни групи за соработка, кои и досега беа многу активни, со бројни остварени средби и меѓусебни посети.
На специјалната седница на Врховната рада на Украина, претседателот на Собранието на Република Македонија Јован Митревски оствари поздравна средба со премиерот на Белгија Александер де Кроу“, се вели во соопштението на Собранието на Македонија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden

