Претседателот на Владата на Република Македонија Заев освари средба со Олта Џачка министерка за одбрана на Република Албанија

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Олта Џачка, министерка за одбрана на Република Албанија. На состанокот, изразена е поддршка од Република Албанија за отворените интеграции на Република Македонија во НАТО, како и благодарност од премиерот Заев до албанскиот колега, премиерот Еди Рама, до Владата на Република Албанија и до граѓаните, за поддршката на НАТО интеграциите на нашата земја.

Интеграцијата во НАТО значи мир и стабилност, но и подобра економија за нашите граѓани. Веќе е зголемен бројот на инвеститори кои инвестираат или најавија дека ќе инвестираат во нашата земја. Тоа е голема придобивка за квалитетот на живот на граѓаните во нашата држава, по политиките на добрососедство зад коишто застанавме и затворањето на сите отворени прашања со нашите соседи, како и интегративениот концепт во нашата држава, едно општество за сите граѓани, рече премиерот Заев.

Заклучено е дека двете земји, Република Македонија и Република Албанија, со искреното меѓусебно пријателство, создаваат услови за развој на соработката, како и дека таквиот пристап влијае позитивно во европските аспирации и очекувања и на двете држави и на регионот. Ако ја зголемиме соработката меѓу државите од Западен Балкан, ќе имаме уште поголемо почитување од Европската унија, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев охрабри за зголемување на соработката во областа на одбраната и рече дека нашата држава е подготвена да ги следи позитивните искуства за вложувања во Армијата според НАТО стандардите. Тој информираше дека во тек се реформи во нашата држава во повеќе области, како и дека во завршна фаза се реформите во безбедносниот сектор што се одвиваат во соработка со земјите членки на НАТО. На средбата е констатирано и дека успешно се реализира соработката меѓу двете држави во областа на инфраструктурното поврзување и енергетиката, како и дека се отвораат можности за проширување и во другите области од значање за граѓаните на двете земји и на регионот.

Advertisement