Претседателот Пендаровски на прес конференција по седницата на Советот за безбедност (ВО ЖИВО)

Претседателот на државата Стево Пендаровски на прес конференција по седницата на Советот за безбедност, имено, Советот за безбедност денеска во претседателската „Вила Водно“ расправаше за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19 и за мерките и активностите на надлежните институции. На седницата, како што претходно соопштија од кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.