Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со раковоството на Сојузот на Македонците со исламска религија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Љатиф Пајкоски, почесениот претседател Исмаил Бојда и Амир Абдула, член на СМИР.

На средбата, претседателот Пендаровски беше информиран за положбата и состојбата на Македонците со исламска религија, како и за досегашните и претстојните активности на Сојузот.

Претставниците на Сојузот го запознаа претседателот со предизвиците со кои се соочуваат во зачувувањето на своите специфични културолошки особености, и го посочија проблемот на нивна недоволна застапеност во институциите.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за напорите на Сојузот во застапување на нивните права и интереси, презентација и афирмација на специфичните традиции, обичаи и фолклор на Македонците со исламска религија.

Advertisement