Пријателите од Алзас, Франција донираат медицинска опрема во Македонија

Асоцијацијата Алзас –Македонија и хуманитарната организација „Надеж на Ориентот“ од Лорен, Република Франција денеска донираa медицинска опрема за Здравствениот дом во Велес. Донацијата се состои во колички за лица со ограничена мобилност, помагала за движење, болничка опрема како и компјутерска опрема. Денешната донација е дел од акцијата што ја спроведуваат овие две организации кои покрај Здравствениот дом во Велес донираат медицинска опрема и помагала и за Болницата за белодробни заболувања во Јасеново, како и Клиничкиот центар во Скопје. Акцијата за донација на опремата се одвива во патнерство со фондацијата „Фокус“, Општина Велес и хуманитарната организација House of hope – Ленче Здравкин. Како што нагласи Жак Шлеф, претседател на Алма кој ја предводи хуманитарната делегација, оваа акција е израз на долгогодишната успешна соработка и континуитетот на активности што Алма како партнерска организација ги реализира во Велес и во Вардарскиот плански регион.

Advertisement