Проф. д-р Катерина Тодороска: Как‘в е тој народ на кој што уште не му е Дoста???

Пред некој ден прочитав објава за проф. д-р Петрушевска, која одамна го предвала предметот „Стар век“ на катердата по историја, при Филозофскиот факултет. Јас бев во генерацијата студенти после нејзиното пензионирање, но повозрасните колеги кажуваа дека била исклучително строга, но правична. Мене истиот предмет ми го предаваше проф. д-р Коста Аџиевски, кој беше ист како и неговата професорка. Строг, правичен, исклучителен професионалец и голем другар.

Материјалот кој го изучувавме беше поделен на неколку делови и се однесуваше на историјата на Стариот Исток, Стариот Рим, Стара Грција итн.

Покрај тој и другите предмети, во прва година, учевме и еден стар јазик. Јас слушав на латински јазик кај проф. д-р Љубинка Басотова. Од неа нѝ остана праксата да не се потпираме само на учебникот „Elementa latina“, туку да работиме на дополнителни текстови кои се однесуваа на теми кои ги обработувавме по предметот „Стар век“. Така, во периодот кога со проф. Аџиевски учевме за основите на демократијата во старите времиња, проф. Басотова нѝ донесе дополнителни текстови на латински, кои требаше да ги читаме и преведуваме.

Еден од нив се однесуваше на тоа колку владетелот се однесувал со почит и покор пред знајните луѓе на својот занает, од неговото владение. Приказната беше за портрет, кој владетелот го беше нарачал кај некој сликар, а  овој не му дозволил да го види додека сликарот не бил сигурен дека е совршен и додека сликарот не му дозволил на владетелот да го види. Таа лекција од латински јазик многупати сум ја употребувала за да објаснам дека владетелот е само слуга на професионалците.

Во лекциите од историјата на стариот свет, проф. Аџиевски често нѝ посочуваше и мудрости, а ние како студенти најмногу почнавме да ја користиме она кога еден мудрец прашан што е најголемата мудрост што би ја споделил со народот, тој одговорил: „Не се расправај со глупав човек“. Откако соговорникот му рекол на мудрецот дека не е така, мудро одговорил: „Во право си“. Така, ние имавме обичај да се посмееме со колеги после некоја расправија  со зборовите „Во право си“.

Секако, имаше многу работи кои ги научивме на студиите и на последипломските студии на катедрата по историја при Филозофскиот факултет, но ова се примери кои ги користам за овој текст.

Лекцијата од латински јазик многупати сум ја користела за да објаснам како треба да се однесува владетелот кон сопствниот народ и кон оние кои се потковани за својот занает.

Во неколку наврати ја користев и во мои објави на социјалните мрежи. Секако, секакви нè има, па така во врска со оваа лекција има еден тажен лик кој упорно „ме подучува“ дека сликарот бил Рембрант. Прво се прашувате каков е овој самобендисан народ кој прочитал напис во „Колибри“, ама како да му одговорите освен со зборовите „Во право си“.

Како професионално определен историчар, меѓу другото, моја должност е на мојот народ да му укажам на проблемите и постапките на актуелните власти кои сметам дека се во насока на понижување и уништување на неговата иднина. Дали некој ќе разбере, дали ќе сака да разбере или не, тоа е надвор од мојата професионална обврска.

Во таа насока, говорев и за сите претходни „владетели“ во Македонија. Меѓутоа, се случува и тоа, на мои објави или изјави, да си прочитам дека сум анализирала актуелен лик за кој тврдам дека во македонската историја е најголемиот уништувач на образованието и науката. Та, кого треба да анализирам ако не актуелните уништувачи и да понудам документација со која го поткрепувам тоа тврдење? Можеби Спиро Ристовски или Пиштар Љутвиу?

Да биде уште поинтересено нашето бедно совремие, прочитавме и дека: „Министерката за образование и наука Мила Царовска од собраниска говорница денеска на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им ги цитираше од нивната предизборна програма деловите каде што ветуваат дигитални учебници.

И не само тоа, туку и кајшто ветува ВМРО-ДПМНЕ е-учење и изработка на видео материјали од наставниците, сѐ она, за кое таа се залага, а како што рече, е опструирана токму од оваа опозициона партија, која „ги лаже и манипулира граѓаните“. (https://sdk.mk/index.php/makedonija/tsarovska-im-tsitirashe-na-pratenitsite-od-vmro-dpmne-delovi-od-predizbornata-programa-kade-shto-vetuvaat-digitalni-uchebnitsi/)

Секако, ова за одредени ликови не беше дополнителен пораз на интелектуалниот капацитет на народот, туку повод за самозадоволството од фактот што „Мила ги изремети вмроните….“.(https://maktel.mk/makedonija/mila-gi-izremeti-vmronite-czarovska-im-czitirashe-na-prateniczite-od-vmro-dpmne-delovi-od-predizbornata-programa-kade-shto-vetuvaat-digitalni-uchebniczi/). Патем, од информацијата за читањето на министерКАта може да се извлече само еден заклучок, а тоа е дека и СДСМ и ДПМНЕ имаат иста уништувачка политика кон образованието и дека здружно ја уништуваат иднината на македонската држава.

Така што, да зборуваш за „изреметување на вмрони“, а при тоа да не ја видиш истата состојба кај читачот на опозициска програма за образование, е добар повод повторно да се прашате каков е овој народ кој гледа со широко затворени очи како некој ја уништува иднината на македонските поколенија и иднината на македонската држава, а мојот одговор на нивните зебелешки на мојот став, останува ист: „Во право си“.

Во контекст на ликот од претходните параграфи ќе кажам дека со мачнина го ислушав и обраќањето на министерКАта од 10. 06. 2021 год. насловено: „Царовска- Оваа учебна година беше предизвик на кој успешно одговоривме“ (https://www.youtube.com/watch?v=5QXnb0cvdD4).

Првично во очи паѓа дека обраќањето се однесува на родителите на кои им објаснува дека успешно дојдовме до крајот на оваа учебна година. Има ли поголема папазјанија од тоа таа, министерКАта да им се обраќа на оние кои иницираат референдум за работи кои директно се однесуваат на нејзината квазиработа?

Не помалку смешно е да бидете горди со учениците на кои сте ми одзеле една година, ама важно е дека децата „со наставата од далечина покажаа висока продуктивност и одлични резултати“.

За оние со перде на очите и тапи во ушите, да кажам дека денес е 11.06.2012 година кога за НИТУ ЕДЕН ученик во Македонија не се знае какви резултати постигнал. Во основното образование, во текот на вчерашниот ден се одржаа родителски средби за учениците од 9-тите одделенија, а денес е ден кога имаат право на приговори. Деветтоодделенците своите свидетелства ќе ги добијат во недела (13. 06. 2021 год.), додека за другите одделенија навестени се родителски средби на 15. 06. 2021 год., а доделувањето на свидетелствата за 25. 06. 2021 год. Така што, истрчувањето со „високата продуктивност и одличните резултати“ значи само едно. Учители/наставници/професори пишувајте петки, оти ако не се појават „одличните резултати“ ќе имате работа со министерКАта. А тоа пак, значи дека ние, како родители треба да бидеме вон себе од среќа што нашите деца, кои ја отспаа оваа училишна година, ќе бидат наградени со петки за длабокиот училишен сон. Ова би било спротивно на Марк Твеновата реч: „Не дозволувај школувањето да те спречи во твојата едукација“.

Во образовен процес во нормална држава, лажните „одлични успеси“ на учениците се сериозен аларм за интервенција во образованието. Во тој однос, доколку просекот на успехот во едно училиште е повисок од 4, тогаш црвениот аларм пишти.

Но, на територија каде министерКАта за образование и наука, пред официјално да се обзнани резултатот од работата на учениците, кажува дека тие постигнале „одлични резултати“, тоа не е аларм туку оган кој ќе ја пеплоса утрешноста на државата.

МинистерКАта ви се обрати, а јас ќе ви пишам, а вие дали ќе прочитате, ваше е.

Добра држава е онаа држава во која власта работи на БРУТО НАЦИОНАЛНА СРЕЌА, темелена на работата на образовани и професионални кадри.

Как‘в е тој народ на кој што уште не му е ДОСТА од негово продавање од фрустрирани криминални ликови???

 

Advertisement