Програма на “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија”

Во организација на Македонското друштво „Илинден“- Тирана а со поддршка на Министерството за култура на Албанија по првпат во Тирана ќе биде одржан „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“. Фествалот не само што се одржува за првпат, туку за првпат една ваква манифестација е подржана од страна на албанското министерство за култура. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, туку и од други делови на Албанија, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Според него, на оваа значајна манифестација за Македонците во Албанија. Фестивалот ќе се одржи на 9 јуни со почеток во 18:00 часот, во Куклениот театар во Тирана, влезот е слободен.

Програма
 
Групи учеснички:
1. Македонска фолклорна група “Браќата Мемишовци” од Орешек – Гора
(Нибет и Македонски традиционални ора од Гора)
2. Македонска фолклорна група од Требиште – Голо Брдо (Македонски традиционални ора од Голо Брдо)
3. Македонска фолклорна група од Пустец – Мала Преспа (Македонски традиционални ора од Мала Преспа)
Поздрави групи:
1. КУД “Илинден”- Струга, Македонија
2. Театар “Скрб и утеха” Скопје, Македонија