Промоција на македонска современа музика во Мароко

 

Овогодинешното издание вклучи 220 учесници, како и културни и образовни делегации од десет земји: Шведска, Гвинеја-Бисао, Италија, Холандија, Шпанија, Панама, Бугарија, Ирска, Македонија и Мароко која е земја домаќин.

Класичното дуо Грациозо, д-р Невенка Дуковска (пијано) и м-р Кристина Палија (сопран) по втор пат настапија на сцените низ Мароко, но овој пат во „културна мисија“ за презентација на македонското современо музичко творештво. Пред многубројната публика низ градовите Лараче, Ксар Ел Кебир и Тангер–Тетуан,беа изведени три самостојни концерти на дуото, на кое изведоа композиции од македонската современа културна ризница, како Зографски, Скаловски, Голабовски, Прокопиев, Иванов и др.

Настапите беа во рамките на Фестивалот ENTRERRITMOS кој се одржа по VI ти пат, од 26 април – 3мај 2017 година во северниот дел на Мароко. Фестивалот е наречен Меѓународен фестивал на културната разноликост и има за цел да ја претстави културата за мир и соживот помеѓу различните народи, користејќи ги своите механизми, како уметноста и музиката кои доаѓаат од културниот идентитет на нациите и манифестација на алохтони (недомородни) наследства на различните цивилизации.

Овогодинешното издание вклучи 220 учесници, како и културни и образовни делегации од десет земји: Шведска, Гвинеја-Бисао, Италија, Холандија, Шпанија, Панама, Бугарија, Ирска, Македонија и Мароко која е земја домаќин. Присуствуваа амбасадори и дипломати од скоро сите горенаведени земји учеснички. Проектот е подржан од Министерство за култура на Република Македонија.

Advertisement